Трагедија: Почина навивачот кој синоќа на “Местаља“ имаше срцев удар!

221

Вчера за време на мечот меѓу Валенсија и Кадиз, поточно на неколку минути пред почетекот, се случуваше вистинска драма. Имено еден имал срцев удар, а лекарските тимови направија натчовечки напори за да го спасат неговиот живот. По првата интервенција веднаш бил пренесен во болница, но таму несреќниот навивач починал.

Токму затоа и натпреварот Валенсија – Кадиз, кој го добија гостите со 0:1, започна со неколку минути доцнење.Оваа вест Валенсија и официјално ја објави на своите социјални мрежи, притоа изрази сочувство до семејството на починатиот.

ПретходноНовак го “скрши“ Медведев и се пласира во финалето во Аделаида!
СледноЃукиќ: Македонската нација мора да има трпение, оваа репрезентација игра модерно!