Христијан Георгиевски промовиран во Славија Софија! (ФОТО)

1169

Младиот играч за врска Христијан Горгиевски (19) и официјално е нов член на Славија Софија. Георгиевски досега играше за ФК Скопје, па така од Автокоманда тој направи трансфер во еден од најпознатите клубови кај нашиот источен сосед.

Георгиевски кој е играч за врска, ја продолжува семејната традиција, да потсетиме дека тој е внук на Славчо Георгиевски – Тупан, кој досега му беше тренер на Христијан, а и тој некогаш беше играч на клубот од Софија.

Христијан досега играше и за младинскиот тим на Работнички, а беше член на МТК од Унгарија.

Ова е еден уште еден некогашен младинец на Работнички, кој преку Автокоманда прави трансфер во странство.

No description available.

ПретходноКуп на Шпанија – 1/8 финале: Барса со лесна ждрепка, Реал на гости кај Вилјареал!
СледноИма договор: Роберто Мартинез ќе ја предводи Португалија!