Јокиќ со нов трипл-дабл испиша историја во НБА-лигата (ВИДЕО)

213

Никола Јокиќ го запиша јубилејниот 10-ти трипл-дабл сезонава и 86-ти во кариерата во победата на Денвер над Кливленд од 121-108, со што Нагетси се вратија на врвот во Западната конференција на НБА лигата.

Двократниот МВП овојпат постигна 28 поени со 15 скока и 10 асистенции, а Денвер дојде до десеттата последователна победа на домашен терен, вкупно 12-та во последните 15 натпревари.

Јокиќ на тој начин постигна уште едно историско остварување. Тој стана само четвртиот играч во историјата на најсилната лига во светот со 10 трипл-дабл ефекти во шест различни сезони, по Оскар Робертсон, Меџик Џонсон и Расел Вестбрук. На православниот Бадник му подари на светот малку божиќна магија и воодушеви со неколку фантастични додатоци.

За разлика од Бакс, ЛА Лејкерс се во одлична форма и ја освоија четвртата последователна победа совладувајќи ја Атланта со 130:114 со 25 поени, 10 асистенции и седум скока на Леброн Џејмс и сега се на само две победи од плеј-ин позицијата.

Резултати:
Индијана – Портланд 108:99
Филаделфија – Чикаго 112:126
Њу Орлеанс – Бруклин 102:108
Торонто – Њујорк 108:112
Милвоки – Шарлот 109:138
Сан Антонио – Детроит 121:109
Оклахома Сити – Вашингтон 127:110
Денвер – Кливленд 121:108
Минесота – ЛА Клиперс 128:115
Феникс – Мајами 96:104
ЛА Лејкерс – Атланта 130:114

ПретходноДон Карло: Белингам? И Енцо е добар…ама ние ги имаме Валверде, Камавинга и Чуамени!
СледноГо добивме првиот стадион кој ќе го носи името на Пеле!