И тој си оди од Дортмунд: Ројс во јуни потпишува за Ал Наср!?

325

Марко Ројс важи или важеше за еден од најлојални фудбалери, и не само во Германија, во цел фудбалска свет. Тој е икона на Борусија Дортмунд, цели 11 години е фудбалер на овој тим. Никогаш не правел проблеми за платите, договорите, премиите. Сепак се чини дека времињата се менуваат. Па така Ројс во јуни, откако ќе му истече договорот, ќе потпише за Ал Наср, за плата која неколку пати е поголема од она што го има во Дортмунд и од она што му се нуди во моментов за продолжување на договорот.

Навистина шокантно за сите во клубот, а посебно за фановите на тимот од “Сигнал Идуна Парк“.

Тоа значи дека во јуни Марко Ројс ќе му стане соиграч на Кристијано Роналдо, односно дека Ал Наср навистина сака да создаде вистински дрим – тим, ако се знае дека во “игра“ се Азар, Модриќ, Рамос, Пепе, како и уште некои други познати фудбалери.

ПретходноТројца тенисери во Австралија ќе се борат за врвот на Алкараз!
СледноКуп на Шпанија – 1/8 финале: Барса со лесна ждрепка, Реал на гости кај Вилјареал!