Има договор: Роберто Мартинез ќе ја предводи Португалија!

125

Досегашниот селектор на Белгија, Роберто Мартинез, кој по дебаклот на СП во Катар доби отказ,  не чекаше многу за да добие нова моќна селекција под свое. Имено како што известуваат медиумите во Португалија, како и низ Европа, тој е новиот селектор на Португалцитекои пак по Мундијалот останаа без селектор откако се разделија со Фернандо Сантош.

Во изминатите недели се пишуваше дека покрај Мартинез, Фудбалската федерација на Португалија преговара и со Мурињо, Ван Гал и уште некои, но денеска е постигнат вербален договор со Мартинез. Допрва ќе следува официјалниот потпис и секако промоцијата.

ПретходноХристијан Георгиевски промовиран во Славија Софија! (ФОТО)
СледноКејн со убав гол за победа на Тотенхем во ФА Купот! (ВИДЕО)