Официјално Дидие Дешамп останува селектор на Франција и во наредниот период. Тој потпиша нов договор со траење до 2026 година. Тоа значи дека Зинедин Зидан и дефинитивно извиси и дека сега во од ќе мора да ги менува плановите.
Дешамп ќе ја води Франција на ЕП 2024 и СП 2026. Ова е веројатно правилна одлука на Фудбалскиот сојуз на Франција, посебно ако се знае дека со Дешамп репрезентацијата на Франција имаше успеси, беше и светски првак во 2018, на последниот Мундијал загуби во финалето, но има фантастична млада екипа која во наредниот период секако дека ќе доминира во светскиот фудбал.