Точно е дека Хрватска во мрежата на Македонија лансираше 40 гола, но уште поточно е дека нашата помладена репрезентација пак им даде на „коцекстите“ 34 гола, нешто што како за таков тим со врвни и искусни играчи не е дозволиво. Ова го призна и селекторот, Хрвоје Хорват по мечот.
„Атмосферата беше неверојатна, цела сала беше полна и тоа беше изненадувања за нас. Истовремено беше и мотив плус за да оствариме победа. Го направивме тоа, но искрено ме боли глава од резултатот. Не бевме добри во дефанзивен план. Одбрана се игра со нозе, а не се раце. Многу му дозволивме на притивникот во деветте метри. Одбраната не смее да страда поради траннзицијата во напад и мора да работиме на тоа до почетокот на Светското првенство“, рече Хорват по мечот.