Барселона го победи Атлетико на „Метрополитано“ и му избега на Реал (видео)

189

Барселона продолжува со добрите настапи во Ла Лига сезонава, а ремито со Еспањол бргу го заборави затоа што го „испра“ со вечерашната победа против Атлетико Мадрид и тоа на „Метрополитано“ во рамките на 16. коло.

Барселона ги впиша бодовите благодарение на победата од 1:0, а стрелец на голот беше Осман Дембеле во првото полувреме.

Барса играше без казнетите Алба и Левандовски, но со Ансу Фати како централен напаѓач покрај крилата Педри и Дембеле, а кај Атлетико во првиот тим беа Феликс и Гризман, а шанса пак доби 19-годишниот халф Пабло Бариос.

Голот падна во 22. минута, судијата го призна иако фудбалерите на Атлетико бараа прекршок во зачетокот на акцијата. Во 32.минута Маркос Јоренте за малку ќе ја погодеше мрежата на Тер Штеген но неговиот удар заврши во телото на противничкиот играч Араухо. Судиите не свирнаа пенал затоа што оценија дека топката го удрила во раката која била залепена до телото.

Имаа двете екипи неколку добри шанси за погодок но мрежите мируваа по првиот дел.

Во 72 минута Феран Торес погоди но голот беше поништен поради офсајд.

Во финалните десет минути, Атлетико имаше обиди за реми. Во 88 минута Тома Лемар шутираше непрецизно, а во дополнителното време Мората бараше пенал но не доби.

Во последните секунди дојде до кошкање меѓу Торес и Стефан Савиќ, па судијата и на двајцата им покажа црвени картони.

Гризман ја имаше фантастична шанса за изедначување, а неговиот удар од гол линијата го запре Араухо.

Барселона е лидер со 41 бод, три повеќе од вториот Реал Мадрид. Атлетико е на позиција пет со 27 бода.

Atlético Madrid 0 – [1] Barcelona – Ousmane Dembélé 22′

Jan 09, 2023

Stefan Savic (Atl. Madrid) & Ferran Torres (Barcelona) straight red cards 90+2′

Jan 09, 2023

ПретходноРома беше пред пораз од Милан па со два гола во финишот спаси бод (видео)
СледноПрвиот човек на фудбалскиот сојуз на Франција го навреди Зидан, Мбапе му одржа лекција!