Гвардиола до челниците на Челзи: Дајте му време на Потер

392

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше задоволен од рутинската победа над Челзи и пласманот во 4.коло на ФА Купот. „Граѓаните“ славеа со 4:0, а по првото полувреме имаа 3:0. Два пати погоди Марез, а по еднаш Алварес и Фоден.

„Се беше како што треба во нашата игра, од првата до последната минута. Поминавме понатаму и задоволен сум“, изјавио Гвардиола.

А тренерот на Челзи, Грем Потер го доживеа вториот пораз по ред од Сити. Пред неколку дена загуби во Премиер лигата со 1:0 на „Стемфорд Бриџ“, денеска убедливо на „Етихад“.

Потер има само една победа на последните седум меча на кормилото на Челзи, онаа над Борнмут со 2:0 на 27 декември.

Три пати загуби од Сити (во Премиер лигата, Фа купот и Лига купот), ремизираше со Форест, доживеа порази од Њукасл и од Арсенал. Во ваква ситуација претходно тренерите на Челзи добиваа откази, клубот е дури на 10. место во Премиер лигата.

Гвардиола го бранеше својот колега на пресот.

Веќе им реков на челниците на Челзи. Мораат да му дадат време на Потер. Секој тренер мора да добие време за да изгради тим и секој тренер тоа го заслужува“, рече Гвардиола.

На мене во Барселона не ми требаше време затоа што го имав најдобриот фудбалер на светот – Лионел Меси“, заклучи каталонецот.

ПретходноАнтиќ на мета: Не биди Перо навивај за МЗТ!
СледноЕлмас: Чувствував дека ќе погодам и затоа шутирав, среќен сум што победивме против незгодна екипа