Лука Дончиќ повторно беше број еден играч во редовите на Далас. Словенецот овој пат со трипл-дабл учинок го предводеше својт тим до победа над Њу Орлеанс од 127-117. Дончиќ зад своето име запиша 34 поени, 10 скока и истот толку асистенции. Зад него беше Вуд со 28 поени и шест скока.
Овие две екипи практични се борат за третото место во Западната конференција, Пеликанс имаат победа повеќе од Далас, кој е на четвртото место со скор од 23-17.
Орландо дојде до историска победа против Голден Стејт совладувајќи го со 115-101. „Магичните“ за првпат во последните десет години успеаја да запишат триумф на гости кај актуелниот првак во НБА-лига.
Паоло Банкеро со 25 поени бепе прв стрелец во редовите на гостинскиот состав.
На останатите средби Сан Антонио на домашен терен беше совладан од Бостон со 116-121, Чикаго ја совлада Јута со 126-118, додека Лејкерси запишаа нова победа, овој пат на гости кај Сакраменто од 134-136.