Столе Димитриевски и Рајо Валјекано на домашен терен се поразени од Бетис, во меч од 16.коло во Ла Лига, и тоа со 1:2.Македонецот имаше неколку добри одбрани, но сепак не успеа да го спаси својот тим од пораз, посебно ако се знае дека првиот гол на гостите беше автогол на Балилу уште во 7.минута. Рајо израмни во 20.минута со голот на Камело. Сепак на пауза се замина со водство на Бетис и тоа поради голот на Енрике во 40.минута.
На крајот се виде дека тие 1:2 за Бетис се и конечен исход на овој интересен натпревар.