Ѓоковиќ го избрка својот брат среде финале, па стигна до првиот трофеј во 2023!

489

Новак Ѓоковиќ е победник во Аделаида. Српскиот тенисер по пресврт го совлада Себастијан Корда со 2-1 по сетови (6-7, 7-6, 6-4). За Ноле ова е прв трофеј оваа сезона, прв во 2023 година и сигурно ќе му даде дополнителен мотив пред настапот на Австралијан Опен.

Не беше лесно, два сета беа решени по тај-брејк. Првиот го загуби, по што фати ритам и дојде до победа.

Првиот сет најави дека ќе гледаме интересно финале, се чекаше еден од тенисерите да направи грешка на свој сервис. Прво тоа го направи Ноле при 4-4, по што противникот искористи и поведе со 4-5, но истото му се случи на Корда, па првиот сет мораше да се решава во тај-брејк. Ѓоковиќ при 8-8 не успеа да го искористи својот сервис, следеше казна Корда го доби првиот сет 6-7 (8-10).

На крајот на овој сет Ноле од непознати причини го избрка својот брат од ложата. Прво не беше јасно што сака да каже, но камерите го фатија моментот, па неговиот брат мораше да го послуша и си замина.

И вториот сет беше речиси иста слика, се водеше изедначена битка. Истио се решаваше во тај-брејк (6-6). Таму, српскиот тенисер не ја повтори истата грешка, влезе доминантно, искористи два изгубени сервиси на Корда и поведе со 6-1, доволно за да го освои сетот и да израмни на 1-1 (7-3).

Одлучувачкиот трет сет, почна со водство на Ѓоковиќ од 2-1, но противникот брзо израмни. Се чинеше дека ова ќе биде уште еден сет кој ќе биде решен после тај-брејк, но Ноле при 4-4 го казни Корда, кој загуби на свој сервис за голема победа.

ПретходноЈигитоглу: Звезда е огромен фаворит, но секогаш има простор за изненадувања!
СледноСуров фудбалски живот… Абубакар доби „шут карта“ за да биде регистриран Кристијано Роналдо