Во овој момент се игра мечот меѓу МЗТ Скопје и Црвена Звезда во рамките на 14. коло во АБА-лига. СЦ „Јане Сандански“ традиционално за ваквите мечеви е исполнет речиси до последното место, иако има две навивачки групи, секогаш атмосферата е спортска.
Но, вечерва во еден момент настана хаос на трибините. Македонските „Гробари“ влегоа на трибините и сакаа да направат нереди, но полицијата брзо интервенираше, па целата ситуација не ескалираше.
Овие навивачи го скандираа името на Партизан, сакаа да ги испровоцираат сите фанови на Црвена Звезда, секако од Македонија.