Елмас: Чувствував дека ќе погодам и затоа шутирав, среќен сум што победивме против незгодна екипа

532

Елиф Елмас постигна гол од пенал во победата на Наполи над Сампдорија со 2:0 во Серија А. Со тоа Наполи ја држи водечката позиција на табелата со солидна предност пред ривалите, а оваа победа им беше важна по поразот од Интер пред неколку денови.

Среќен сум поради голот од пенал. Но денеска игравме единаесет лавови. Денешната победа беше многу важна и не беше апсолутно лесно. Всушност, да се победи оваа Сампдорија беше тешко поради тоа што играа активно и добро сите минути. Излеговме на теренот со голема одлучност. Покажавме дека сме група и семејство. Се боревме за секоја топка, а ја покажавме и нашата ментална сила“, изјави Елмас.

За пеналот: „Чувствував деќа ќе погодам. Така е меѓу нас. Тој што чувствува дека ќе погоди тогаш ќе шутира. Важно е да постигнуваме голови и да нижеме победи.“.

ПретходноГвардиола до челниците на Челзи: Дајте му време на Потер
СледноСилекс го потврди Црногорецот Мухаремовиќ