Денеска во попладневната програма се одиграа два меча од 17.коло во Серија А. Лацио на „Олимпико“ во Рим беше шокиран од Емполи, во меч кој заврши со резултат 2:2. Што ли само испштија “лацијалите“ ако се знае дека до 83.минута имаа водство од 2:0. Загубени се два драгоцени бода во битката за пласман во Лигата на Шампионите.
“Лацијалите“ и да сакаа не можеа подобро да го отворат мечот, имено уште во 2.минута со голот на Фелипе Андерсон поведоа со 1:0. На 2:0 зголеми Закањи во 54.минута.Имаа домашните шанси и за зголеување на водството, но Емполи резултатски се врати, или барем се обиде да се врати во 83.минута со голот на Капуто за 2:1.
Но во 90+4.минута гостите со голот на Марин освоија екстра значаен бод.
На вториот меч меѓу Специја и Лече немаше голови, па така со тие 0:0 и двете екипи освоија по бод.