Есенскиот шампион утре ги “пали моторите“, главната фаза на подготовките ќе се одработува во Анталија!

520

 

Полека, но сигурно завршува зимскиот одмор за Струга Трим Лум. Есенскиот шампион, тимот кој во пролетниот дел во ПМФЛ ќе стартува како прв на табелата, утре во 14 часот и официјално ќе означи старт на подготовките за пролетната полусезона.

Доста беше одмор, време за работа“ вели шефот на стручниот штаб на стружани Срѓан Захариевски за “Спортмедиа“ и продолжува…

Собирот е закажан за утре во 14 часот. Очекувам сите да се појават на прозивката, ќе одржиме прво состанок на кој ќе им биде кажано што се ги очекува до 19 февруари за кога е закажан стартот на пролетниот дел од тековната сезона 2022/23“.

Како што и самиот Захариевски потенцира, планот на подготовките е готов, ќе треба само да се реализира:

“До 24 јануари тренинзите од првата фаза ќе се одработуваат во Струга, потоа заминуваме во Анталија каде очекувам да одиграме неколку пријателски средби со силни ривали. Целта е да се воиграме, да ја достигнеме потребната форма токму за 19 февруари.Пред да заминеме во Анталија, на 22 јануари ќе одиграме контролна средба со Охрид“.

Инаку што се однесува до преодниот рок, засега нема нови информации.

Познато е дека си замина Дарко Илиески, а го донесвме Меџит Незири. Се преговара со неколку познати и квалитетни фудбалери, сепак ќе видиме кого ќе успееме да ангажираме“заклучи Захариески.

ПретходноСити е некоја друга димензија за Челзи! (ВИДЕО)
СледноГОООООЛ: Елмас стрела од пенал за Наполи! (ВИДЕО)