Кољо и Кенан влегоа „во клинч“

419

Во екот на подготовките за пролетната полусезона, секоја екипа на најразличен начин се обидува да ги направи тренинзите што по ефективни, поинтензивни, но очигледно и поинтересни. Подготовките знаат да бидат монотони, дури и здодевни во некоја рака па затоа истите мора да се „зачинат“.

Во унгарскиот Мол Фехервар, каде што настапува нашиот репрезентативец Никола Серафимов во тренинзите вклучија и партија бокс.

Популарниот Кољо влезе во дуел со босанскиот интернационакец Кенан Кодро, инаку синот на легендата на екс југословенскиот фудбал Мехо Кодро.

Резултатот од овој спаринг бокс меч не го знаеме, па може само да шпекулираме. Кодро е „тврда босанска глава“ и може да прими многу удари. Од друга страна пак Серафимов е од скопско Ново Лисиче и сигурно не дал лесно да биде победен. Сепак, едно знаеме. Дека ова било добар тренинг пред следните предизвици кои им претстојат на двајцата и во обидот да се одигра што подобро напролет како во дресот на МОЛ Фехервар, така и во репрезентативниот дрес.

 

ПретходноСуров фудбалски живот… Абубакар доби „шут карта“ за да биде регистриран Кристијано Роналдо
СледноГранде Пандев им посака среќа на Елиф и Наполи