Манчестер Јунајтед го воведе „правилото на Роналдо“! Што значи тоа?

8179

За нешто повеќе од една година Кристијано Роналдо прилично ја опостуши касата на Манчестер Јунајтед и со плата од половина милион фунти неделно беше меѓу најплатените фудбалери во Премиер-лигата.

Португалецот не покажа премногу, поради големо незадоволство, соработката ја прекина, а по неговото заминување клубот реши да го воведе „правилото на Роналдо“.

За што всушност се работи? Челниците на Манчестер Јунајтед одлучија да донесат правило според кое ќе ги ограничат платите и ниту еден играч на клубот нема да има неделна плата поголема од 200.000 фунти.

Главните ѕвезди на тимот ќе имаат плати во овој опсег (меѓу 180 и 200 илјади фунти неделно) и на овој начин Јунајтед ќе се обиде да го намали незадоволството и љубомората кај фудбалерите поради разликата во платите.

Сите тие, како и актуелните ѕвезди кои имаат приходи во овој опсег (Варан, Бруно, Мегваер, Касемиро) ќе имаат и парични казни и ќе загубат дел од платата доколку не успеат да се пласираат во Лигата на шампионите.

Идејата е дека повеќе играчи имаат слични примања и попрво ќе платат неколку отколку да трошат половина милион фунти неделно за само еден фудбалер.

Првиот на кој влијае новото правило е голманот Давид де Хеа. Неговата сегашна плата од 375.000 фунти неделно ќе биде намалена на 200.000 фунти според новиот договор.

На никого во иднина нема да му биде понудено повеќе од ова на неделно ниво и ќе видиме дали ова правило функционира и му користи на гигантот од „Олд Трафорд“ во наредните години.

На овој начин Јунајтед значително ќе ги намали платите на годишно ниво. Минатата сезона на играчите им платија дури 228 милиони фунти, најмногу од сите клубови во елитното ниво на англискиот фудбал.

Од оваа бројка Кристијано зел околу 30 милиони фунти, а со заминувањето во Саудиска Арабија клубот веќе заштеди 20 милиони.

ПретходноНов трипл-дабл на Дончиќ, историски пораз за актуелниот првак (ВИДЕО)
СледноИХФ им одговори на критичарите: Вирусот мора да се сфати сериозно, не сакаме да исфрламе тимови од СП!