Наполи се врати на победнички колосек: Осимен и Елмас ја урнаа Сампдорија (видео)

169

Екипата на Наполи бргу го преброде поразот од Интер во претходното коло. Вечерва избраниците на Лучано Спалети славеа на гостувањето кај Сампдорија со 2:0 во рамките на 17. Коло на Серија А. Уште во шестата минута Наполи можеше да дојде во водство, но Политано ја погоди стативата. Во 19. Минута резултатот го откри Виктор Осимен.

Сампдорија од 39 минута играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Ринкон.

Во 82 минута нов пенал за Наполи. Овојпат го изведе Елмас и погоди со што го постави конечниот резултат. Наполи е лидер со 44 бода, седум повеќе од вториот Јувентус, а осум повеќе од третиот Милан кој има и меч помалку и го игра вечер со Рома.

Сампдорија го запиша 12-тиот пораз и е на 18. место на табелата од 20 екипи.

 

Sampdoria 0 – [2] Napoli – Eljif Elmas 81′

Jan 09, 2023

ПретходноГОООООЛ: Елмас стрела од пенал за Наполи! (ВИДЕО)
СледноГалата го растури Фенер, Алиоски не беше ни меѓу резервите (видео)