Во дербито на 17. коло во Серија А тимот на Милан не успеа да ја совлада Рома (2:2) и покрај тоа што имаше предност од 2:0 до финишот на мечот.
Загуби два бода и му дозволи на Наполи да биде на чело на табелата со седум бодови предност. Четата на Стефано Пиоли имаше иницијатива, посед на топка, се до финишот кога падна. Рома два пати шутна прецизно и зема бод.
„Росонерите“ поведоа со погодокот на Пјер Калулу во 30. минута, додека Томасо Побега зголеми во 77.минута.
Римјаните притиснаа во финишот, прво погоди Роџер Ибањез во 87 минута, а во третата минута од судиското продолжение Абрахам во изедначи резултатот на 2:2.
Рома го запиша петтиот пораз и е на шестото место на табелата.
Лидер е Наполи со 44 бода, па следуваат Јувентус и Милан со по 37, Интер со 34, Лацио и Рома со по 31…
AC Milan [1] – 0 AS Roma – Pierre Kalulu 28′
Jan 09, 2023
Milan [2] – 0 Roma – Tommaso Pobega 77′
Jan 09, 2023
AC Milan 2 – [1] AS Roma – Roger Ibanez 87′
Jan 09, 2023
AC Milan 2 – [2] AS Roma – Tammy Abraham 90+3′
Jan 09, 2023