Белорусинката Арина Сабаленка ја победи Линда Носкова од Чешка во финалето на ВТА турнирот во Аделаида со 6:3, 7:6 (4) и заработи 775.400 евра. Дваесет и четиригодишната Сабаленка, втората носителка, ја освои својата единаесетта титула на ВТА.
Сабаленка по 19-ти пат играше во финалето на ВТА турнирот. До овој турнир петтопласираната светска тенисерка победуваше десет пати, но последен пат загуби во финалето на завршниот турнир на најдобрите осум во ноември минатата година во американскиот Форт Ворт.
Осумнаесетгодишната Носкова за првпат играше во финалето, а големо изненадување направи во полуфиналето, кога ја победи втората играчка на ВТА рангирањето и прва носителка, Тунижанката Џабер.