Екипата на Севиља запиша победа со 2:1 над Хетафе што е нивна прва во Ла Лига по 15 Октомври. Ова се важни бодови за андалузискиот тим кој неочекувано сезонава се бори за опстанок место за врвот.
Акуња донесе предност за Севиља во 36. минута, а ВАР ја извлече Севиља во 41 минута затоа што Унаи постигна гол но беше поништен поради офсајд. Во 80 минута Севиља ја реши работата. Рафа Мир даде гол за 2:0 неколку минути откако влезе во игра, а во финишот гостите само намалија преку Борха Мајорал.
За Севиља тоа е трета победа сезонава и е на 17. место на табелата, веднаш над опасната зона. Хетафе е на 13. место.