Она што СПОРТМЕДИА го најави пред неколку денови, денеска доби и официјална потврда од Силекс. Кратовскиот прволигаш се засили со црногорскиот интернационалец Халил Мухаремовиќ кој доаѓа во ПМФЛ од екипата на Искра од Даниловград. Тој претходно ги бранеше боите на Петровац и Подгорица.
Игра како офанзивен играч за врска или по крилните позиции. Тој е третото засилување за тимот на Горазд Михајлов по Марко Ѓорѓиевски и Хамза Рамани.