Тимот на Ал Наср објави дека е прекината соработката со искусниот напаѓач, Винсент Абубакар, однсно дека му е раскинат договорот. Ова и не би било така интересна информација, доколку во ова не е вклучен самиот Кристијано Роналдо.
Абубакар буквално е избркан од клубот за да може Ал Наср да го регистрира Кристијано Роналдо. Претходно, бројот на странци во тимот бил пополнет со осум, и еден морало да си оди.
Изборот паднал на Абубакар кој секако дека до крајот на животот нема да може да г смисли Кристијано Роналдо.