Со прозивката и првиот состанок, а потоа и со првиот одработен тренинг, фудбалерите на Шкупи, актуелните прваци, од денеска и официјално се во “погон“. Првиот тренинг е одработен на стадионот на Чаир, секако дека во текот на подготовките ќе се оди некаде надвор од Скопје за да екипата добро се подготиви за тоа што ги очекува наролет. А напролет, од 19 февруари се знае, битка за нова титула заедно со Струга ТЛ и Шкендија.