Несекојдневна ситуација е видена на крајот од првиот сет од финалето на Аделаида меѓу Новак Ѓоковиќ и Себастијан Корда, кога најдобриот српски тенисер го исфрли од трибините својот брат Марко.
Имено, во моментот кога го загуби првиот сет, Новак покажа со раката кон некој велејќи да излезе од таму. Така продолжи кога седна на столот. Ноле мавташе со раката гестикулирајќи да излезе, додека истовремено викаше „надвор“.
Камерите потоа ги покажаа трибините и во таа прилика јасно можевме да видиме дека мисли на својот брат Марк, кој стана и по неколку моменти ја напушти ложата.
😳😳😳 Djokovic le dice a su hermano que se marche del box tras perder el primer set. pic.twitter.com/4LukkRWK7o
— Germán R. Abril (@gerebit0) January 8, 2023