Oд рак почина и еден од најголемите бразилски голгетери во историјата

703

Бразил уште „заздравува“ од смртта на велијанот на фудбалот Пеле, нова трагедија ја потресе тамошната јавност. На 68 годишна возраст почина поранешниот репрезентативец на Бразил Роберто Динамите. Тој го држи рекордот за најмногу голови во бразилската Серија А – 190, а исто така е најдобриот стрелец во историјата на Васко да Гама.

Динамите ја загуби битката со ракот и починал во Рио де Жанеиро.

Динамите има 20 гола во 38 натпревари за Бразил, а играше на СП 1978 и СП 1982. Речиси цела кариера ја помина во Васко да Гама, а една сезона помина во Барселона (1979/80).

ПретходноГалата го растури Фенер, Алиоски не беше ни меѓу резервите (видео)
СледноСевиља славеше после речиси три месеци (видео)