Зинедин Зидан доби понуда за селекторска функција, но не од Франција, туку од САД. „ESPN“, открива дека менаџерот на францускиот стратег бил контактиран од фудбалската федерација на оваа земја, но Зидан „учтиво ја одбил“ понудата.
Очигледно желбата на Зидан е да ја преземе француската репрезентација кога ќе дојде време. Но, Дидие Дешамп остана на клупата и по Мундијалот, па ќе мора да ја чека таа работа. Странските медиуми пишуваа и дека Зидан е кандидат за клупата наПортугалија и Бразил. Во кариерата го водеше само Реал Мадрид со кој освои три ЛШ. Тој замина во летото 2021 година.
Американците бараат наследник на Грег Берхалтер кој ги одведе во второто коло на Мундијалот каде што беа елиминирани од Холандија. Неговиот договор истече, па челниците се надеваат дека најдат некој подобар. Ако не, секогаш постои опција едноставно да се продолжи договорот на Берхалтер, пишува ESPN.