Во истанбулското дерби Галатасарај славеше убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Фенербахче во 18.коло на турската Супер лига. Гостите го „растурија“ големиот ривал нанесувајќи му го четвртиот пораз сезонава, а воедно на чело на табелата ја зголемија предноста на четири бода.
Погодија Серџо Оливеира во првото, Актуркоглу и Икарди во второто полувреме. Кај домашните на списокот го немаше Езџан Алиоски. Ниту во првиот тим ниту меѓу резервите и се повеќе е сигурно дека тој ќе се врати во Саудиска Арабија во тимот на Ал Ахли каде што играше пред да дојде во Турција на позајмица.