Гранде Пандев им посака среќа на Елиф и Наполи

1531

Денеска тимот на Наполи на чело со нашиот Елиф Елмас од 18:00 часот во Џенова го игра дуелот против Сампдорија во рамките од новото коло во Серија А. Во хотелот каде што е сместена експедицијата од Неапол, се појави познато лице, а тоа е Горан Гранде Пандев.

Пандев се знае дека голем дел од неговата богата кариера мина во Наполи каде што секако има сеуште многу пријатели на чело со Елиф Елмас. И на него и на неговите соиграчи им посака среќа денеска на дуелот со Сампдорија, која е директен ривал на уште еден екс клуб на Гранде, Џенова, па тоа уште еден момент плус тој денеска да навива со сите сили за Наполи.

 

ПретходноКољо и Кенан влегоа „во клинч“
СледноШифрин супериорна во Крањска Гора