Алмерија – Сосиедад 0:2 е епилогот од дуелот од 16.коло во Ла Лига. Гостите во целост ја оправдаа улогата на фаворити и успеаја да освојат значајни три бода во битката за врвот, за оние места кои водат во Лигата на Шампионите.
Силва во 47.минута стрелаше за водство на гостите со 0:1. Само што започна второто полувреме, се играше 52.минута, кога Сорлот на асистенција на Мерино ја затресе домашната мрежа за 0:2.
Инаку ова беше четврти триумф на тимот на Сосиедад во низа и тоа без примен гол.