Столе прими два гола, Рајо дома загуби од Бетис! (ВИДЕО)

85

Столе Димитриевски и Рајо Валјекано на домашен терен се поразени од Бетис, во меч од 16.коло во Ла Лига, и тоа со 1:2.Македонецот имаше неколку добри одбрани, но сепак не успеа да го спаси својот тим од пораз, посебно ако се знае дека првиот гол на гостите беше автогол на Балилу уште во 7.минута. Рајо израмни во 20.минута со голот на Камело. Сепак на пауза се замина со водство на Бетис и тоа поради голот на Енрике во 40.минута.

На крајот се виде дека тие 1:2 за Бетис се и конечен исход на овој интересен натпревар.

Претходно„Гробари“ сакаа да направат хаос во „Јане Сандански“, брзо беа ставени под контрола (ВИДЕО)
СледноБрутална тепачка на автопат меѓу фановите на Наполи и Рома, има и тешко повредени! (ВИДЕО)