Брегалница означи старт на подготовките – во план се седум пријателски средби

253

Новиот шеф на стручниот штаб на Брегалница, Горан Здравков ја имаше првата прозивка на враќањето меѓу своите „сини“, овој пат како тренер, означувајќи почеток на подготовките за пролетниот дел од сезоната 2022/23 во Првата македонска фудбалска лига.

На првиот собир единствено недостасуваa репрезентативецот на Уганда, Халид Лвалива, како и Борха Кордоба, кои со одобрение од стручниот штаб со неколку дена закаснување ќе се приклучат на подготовките, а сите останати фудбалери беа на располагање на Здравков. Меѓу нив и двете досега зимски засилувања, фудбалерот од средниот ред Давид Калпачки и крилниот офанзивец Зоран Андонов.

Брегалница ќе одигра седум пријателски средби. Во Штип ќе работат до 25 јануари, а потоа се селат во Охрид. Во првата фаза од подготовките ќе одиграат два контролни меча, против Академија Пандев (19 јануари) и Тиквеш (24 јануари). Во Охрид ќе играат со Воска (28 јануари), Караорман (31 јануари), Охрид (1 февруари) и Пелистер (5 февруари). Пред стартот на пролетниот дел „сините“ ќе одиграат уште еден тест меч и тоа во Штип против Беласица (12 февруари).

ПретходноПогледнете каков гол е признат во Италија! (видео)
СледноЛусиен Фавр не е повеќе тренер на Ница