Етеми со гол во 12. минута од судиското продолжение спаси бод за Истанбулспор (видео)

197

Македонскиот репрезентативец Валон Етепи постигна гол за реми на Истанбулспор во дуелот со Газијантеп 1:1 во рамките на турската Суперлига. Гостите водеа со голот на Јевтовиќ од 38. Минута, а резултатот не се менуваше се до 12-тата минута од судиското продолжение кога судијата покажа на белата точка.

Етеми ја презеде одговорноста и ја затресе мрежата за конечни 1:1.

Тоа е шести гол сезонава во најсилната турска лига за македонскиот интернационалец. Истанбулспор е последен на табелата со 12 бода, два помалку од тимот што е пред него, а пет помалку од сигурната зона.

Енис Барди ги одигра последните 10 минути за Трабзон во поразот од Аланија со 5:0.

ПретходноБабунски прозиваше во Пелистер, битолчани ги стартуваа подготовките! (ФОТО)
СледноИзненадувачки: Лорис се повлече од репрезентацијата на Франција! (ФОТО)