Прво се повлече па се премисли: И понатаму сум му на располагање на селекторот

131

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер најави репрезентативна пензија по неуспехот на СП во Катар, но денеска изјави дека и понатаму му е на располагање на селекторот за националниот тим. Тој по завршување на настапите на Германија на Мундијалот, Милер најави дека се повлекува, меѓутоа, после месец и половина одлучи дека е рано за повлекување.

„Тогаш бев воден од емоции, тоа беше тажен момент. Размислив, разговарав со селекторот… Се додека сум професионален фудбалер, ќе бидам на располагање на репрезентацијата“, изјави Милер.

Тој со 33 години беше вториот највозрасен играч во германскиот тим на СП, зад 36-годишниот Мануел Ноер. Германија ќе биде домаќин на ЕП 2024.

ПретходноИ Еурофарм Пелистер ги „запали моторите“ – прво ќе се тренира во Битола, а потоа во Врбас
СледноКрај на сагата: Фернандес останува во Бенфика