Челзи се договори со Атлетико за трансфер на Жоао Феликс

489

Челзи ќе се засилува со уште еден фудбалер. Овојпат во средниот ред, а станува збор за португалскиот репрезентативец Жоао Феликс. Според информации од Шпанија и од Англија, Челзи се договорил со Атлетико за позајмица на Феликс до крајот на сезоната за 11 милиони евра, вклучувајќи ја и платата.

Позајмицата нема обврска за откуп на договорот што значи дека Феликс ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ шест месеци и потоа се враќа во Мадрид, освен ако „сините“ не одлучат да почнат преговори со Атлетико за откуп на договорот.

 

 

ПретходноЛегендарниот велшки фудбалер Герет Бејл се повлече од фудбалот
СледноПогледнете каков гол е признат во Италија! (видео)