Од денеска и официјално ФК Пелистер има нов тренер, тоа е Бобан Бабунски. Тој денеска беше им беше претставен на играчите од страна на директорот Ванчо Мицевски. Покрај прозивката што ја изврши довчерашниот стратег на Победа, а сега предводник на битолчани, тој означи и старт на подготовките.
Амбициите се знаат за пролетниот дел во ВМФЛ. Секако дека ќе се нападнат оние места кои водат во елитата. Битката ќе биде тешка, тука се Гостивар, Вардар и Воска. Колку за потсетување, првите две места водат директно во ПМФЛ, додека третиот ќе игра бараж.
Пелистер пролетниот дел ќе го започне од 4.позицијата на табелата.
ФОТО: Bitolanews.mk