Гвардиол: Останувам во Ред Бул Лајпциг

153

Хрватскиот интернационалец во редовите на Ред Бул Лајпциг, и еден од најбараните млади фудбалери во моментов во светот, Јошко Гвардиол ги разреши сите дилеми околу неговата иднина во монентов. По фантастично одиграниот Мундијал во Катар со репрезентацијата на Хрватска, гигантите од Премиер лигата, но и од Шпанија тргнаа по негово ангажирање. Сепак, младиот стопер очигледно дека смета дека има уште за напредување и надградба как млад играч па нема намера во моментов да замине на друго место.

„Да, ќе останам во Ред Бул Лајпциг уште една година сигурно. Немам намера да заминам на друго место. Во таа насока сакам да влијаам и врз одлуката на Дани Олмо, мојот соиграч да остане во Лајпциг, по враќањето во клубот од продолжениот одмор поради Мундијалот“ – изјави Гвардиол.

ПретходноКрај на сагата: Фернандес останува во Бенфика
СледноБабунски прозиваше во Пелистер, битолчани ги стартуваа подготовките! (ФОТО)