Гризман објасни зошто ја обоил косата во розова боја!

674

Антоан Гризман стана првиот фудбалер во овосезонското издание на шпанското првенство со најмалку пет гола и исто толку асистенции. Покрај неговите игри, неговиот изглед го привлекува и вниманието на фудбалската јавност, која не престанува да коментира за бојата на неговата коса.

Францускиот напаѓач изненади со својот изглед, особено што ја скрати долгата коса. Сепак, ова розово издание не престанува да се коментира. Гризман објасни како ја избрал таа боја.

“Уште како дете сакав со бојата на коса да покажам колку сум среќен. Овој пат изборот беше сина или розова. Имаме три девојчиња и две момчиња во дома. Победи розевата”, обајсни Гризман. 

ПретходноПовредата на Дурент им ја расипа 18-та победа на Нетси во последните 20 меча (ВИДЕО)
Следно„Мурињо ме повика да му бидам помошник во репрезентацијата“