Денеска е Свети Стефан: Вечно име капитену!

253

Денеска е голем ден, денеска е Свети Стефан. Заштитникот на болните, старите и сиромашните. Денеска сите што се викаат Стефан го слават овој ден како Именден.Па така и нашиот капитен Стефан Ристовски.

Нека е вечно името КАПИТЕНУ!

Секако „Спортмедиа“ му посакува на капитенот на нашата репрезентација се најубаво, му го честита именденот.

Ристовски, кој сега е член на Динамо Загреб, досега на А-репрезентацијата на Македонија одиграл 78 мечеви и постигнал два гола. Тој е на петтото место на вечната листа по број на настапи. Ако се биде како што треба, тогаш набргу заедно со Александар Трајковски ќе го поминат Величе Шумулиски и ќе тргнат по тие 100 настапи на Гоце Седлоски.

Веќе во март Стефан и неговите другари од репрезентацијата ги очекувастарт на квалификациите за ЕВРО 2024.

ПретходноКапитенот на Бугарија провоцира: Македонците ако можат ќе си го присвојат и Роналдо!
СледноЛидерот означи старт на подготовките, тргна и Тиквеш! (ФОТО)