Помалку изненадувачки, но тоа е, капитенот на светскиот вице-првак, голманот Уго Лорис, се повлече од репрезентацијата на Франција, нема веќе да го чува голот на “триколорите“.
Оваа вест ја потврдија од страна на Фудбалскиот сојуз на Франција, притоа му се заблагодарија на голманотсо кој оваа земја двапати играше во финалињата на СП а еднаш, во Русија 2018, стана и светски првак.
Лорис за Франција во 145 мечеви го бранеше голот на Франција, а на 125 мечеви беше и капитен, беше дел од репрезентацијата цели 14 години.