Убаво рекле старите. Најголеми негатори на Македонците се токму оние кои во себе имаат македонска крв. Така и Кирил Десподов, капитенот на Бугарија кој во едно интервју за “БТВ“, деновиве не пропушти да испровоцира. Тој е избран на најдобар фудбалер на Бугарија за 2022 година, инаку роден во Кресна, јасно со македонски корени.
Се присети на мечот во Скопје, кога токму со неговиот гол Бугарија ја победи Македонија на Арената “Тодор Проески“ во Скопје во меч од Лигата на Нации.
„Секако дека еден од најважните голови ми е оној со кој ја победивме Македонија на нејзин терен.Искрено бев и“изгорен“ кога слушнав како ни ја свират химната. Тоа даде мотив повеќе. Потоа прочитав дека јас како Македонец сум ја победил Македонија? Македонците ако можат ќе си го присвојат и Роналдо. Да, јас сум од Кресна, област која ја викаат македонска и која е до границата со Македонија. Но тоа не значи дека сум Македонец, јас имам бугарски пасош“ истакна Десподов.
Сепак тој заборава дека токму медиумите во таа земја ја “исфрлија“ тезата дека Македонец ја победи Македонија,односно дека тој е Македонец од Кресна, а тоа јавно го кажа и еден престседател на клуб од Софија на кого секој втор збор му е Македонија.