Бруклин ја забележа 18-та победа во последните 20 натпревари во НБА лигата, откако го совлада Мајами со 102-101. Доброто расположение во тимот го расипа повредата на Кевин Дурент, од понеделник навечер 14-ти НБА стрелец на сите времиња.
Со 26.684 поени за 14 години и 978 натпревари во својата долга кариера, Дурент го мина Доминик Вилкинс на листата на најдобри стрелци, а претпоставката беше дека со постоечките просеци може да се најде меѓу првите десет до крајот на сезоната. Под знак прашалник е колку долго ќе пропушта откако во третата четвртина од натпреварот го повреди коленото откако врз него падна Џими Батлер.
The Nets say that Kevin Durant is OUT for the remainder of Nets-Heat due to a right knee injury after Jimmy Butler fell on his knee on this play.
Prayers up to KD 🙏 pic.twitter.com/v0PPP9Hfe1
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) January 9, 2023
Нетси триумфираа во драматична завршница, Ројс Онил беше највешт под кошот на противникот.
Кајри Ирвинг промаши шут за три на три секунди до крајот на натпреварот, при резултат 101-100 за Мајами, Онил беше најснаодлив, ја турна топката низ обрачот и му ја донесе на Бруклин 27-та победа во сезоната досега, со што се наоѓа на второто место во Источната конференција.
Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Ирвинг, кој за 40 минути на паркетот постигна 29 поени. Јунакот на овој дуел Онил запиша осум поени.
Резултати: Мемфис – Јута 123-118, Мајами – Бруклин 101-102, Хјустон – Минесота 96-104, Оклахома – Далас 120-109, Феникс – Кливленд 98-112, ЛА Клиперс – Атланта 108-112.