Се испотепаа на пријателски меч – ќотек како да се најголеми душмани (видео)

994

Пријателскиот меч меѓу Гуанакестеко и Либерија во Костарика се претвори во општа тепачка на теренот после половина час игра. Резулатот беше 2:1 за домашните, а по еден остар старт тргна тепачка и брканица на теренот. Тепање чиниш гледаш УФЦ групно тепање.

„Ова е срамота, проблемот е во играчите. Игравме пријателски меч, а ова не е прв пат да се случува вакво нешто“, изјави тренерот на Гуанакастеке, Јошимар Аријас.

Двајцата тренери се договориле да ги заменат проблематичните фудбалери и да го продолжат мечот. Крајниот резултат е 3:3.

Инаку овој пријателски меч бил организиран по повод 50 години од формирањето на домашниот тим.

 

ПретходноАрсенал за 13 минути го “реши“ Оксфорд во ФА Купот! (ВИДЕО)
СледноЃоковиќ: Да бев фудбалер ќе играв за Звезда и со Ибрахимовиќ