Екипата на Силекс на 11 февруари во рамките од подготовките во Анталија, на кој се заминува на втори, ќе одигра пријателски дуел против украинскиот гигант Динамо Киев.
Силекс неделава стартува со подготовки, и првиот дел секако ќе го одработи, во домашни услови односно во Охрид.
Потоа следува заминување во Анталија каде што ќе се престојува до 15 февруари, а како дел од овој процес е и пријателската со Динамо Киев.
Се работи за еден од легендарните клубови од источна Европа, кој што своевремено имаше фантастични резултати на меѓународна сцена и константно е дел од Лигата на Шампионите однодно Лигата на Европа.