Искусниот Борче Ужевски следната полусезона ќе настапува за тимот на Слога Виница. Дефанзивецот изминатиот период настапуваше за Кожуф, но сега се сели во Виница, за да помогне тимот што подобро да ја заврши оваа сезона.
Тој долг период настапуваше за тимот на Скопје, а настапуаше и за Беласица, Македонија ЃП, Брегалница, Кожуф, а во Слога Виница ова му е втор мандат.