Легендарниот велшки фудбалер Герет Бејл се повлече од фудбалот

1058

Најдобриот велшки фудбалер во 21 век Герет Бејл објави дека заминува во пензија. И покрај тоа што има 33 години, тој реши веднаш да стави крај на фудбалската кариера.

После внимателна анализа, најавувам дека се повлекувам од клупскиот и меѓународниот фудбал. Се чувствувам неверојатно среќно што го остварив сонот да се занимавам со спортот кој го сакам. Тоа ми овозможи некои најдобри моменти во мојот живот. Од мојот прв допир со топката во Саутемптон до последниот во Лос Анџелес и се помеѓу ја обликуваше мојата клупска кариера на која сум горд и благодарен. Да се игра и да се биде капитен на Велс 111 пати е остварување на сонот.

Им се заблагодарувам на сите луѓе кои имаа влијание на мојата кариера, кои ми помогнаа да го променам својот живот и да го обликувам како што сакав. Исто така им се заблагодарувам на моите поранешни клубови Саутемптон, Тотенхем, Реал Мадрид и ФЦ ЛА, моите родители мојата сестра, мојата сопруга и децата… Ја почнувам следната фаза од својот живот. Време на промена и транзиција, шанса за нова авантура“, напиша Бејл на Инстаграм.

Со Реал пет пати беше шампион на Европа, четири пати шампион на светот, три пати шампион на Шпанија, три пати освојувач на УЕФА Суперкупот. Со Тотенхем го освои Лига купот во 2008 година, а со Лос Анџелес МЛС купот. Што се однесува до Велс, шест пати беше фудбалер на годината.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gareth Bale (@garethbale11)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gareth Bale (@garethbale11)

ПретходноНови маки за Анчелоти, двајца првотимци во аут до февруари
СледноЧелзи се договори со Атлетико за трансфер на Жоао Феликс