Како што и најавивме, денеска во 14 часот и официјално Струга Трим Лум ги стартуваше подготовките за пролетниот дел во кој есенскиот првак ќе ја брани првата позиција на табелата. Веднаш по кусиот состанок, играчите го одработија и првиот тренинг во новата година.
Инаку Струга ТЛ најважниот дел од подготовките ќе го одработи во Анталија каде ќе биде од 24 јануари до 5 февруари.
Инаку денеска и тимот на Тиквеш ги стартуваше подготовките. Почетната фаза ќе се одработи во Кавадарци, за да потоа се оди некаде надвор од градот. Сеуште не прецизирано дали тоа ќе биде надвор од Македонија или во некој наши спортско – туристички центар.
Инаку на денешниот прв тренинг присуствувааи новаците Виктор Наумовски и Глигор Шиков.