Мекиќ го напушти МЗТ Скопје, Американец дојде на негово место!

301

Адем Мекиќ од денеска и официјално не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако му беше одобрено барањето за раскин на договорот поради желба првпат во кариерата да се проба во клуб надвор од Македонија.

„Станува збор за кошаркар „израснат“ во нашиот клуб, со кој дојде до пет шампионски титули и три трофеи во Купот на Македонија, поради што му излеговме во пресрет и му посакавме среќа во обидот да ја почне интернационалната кариера“, велат од тимот.

Неговото место во ростерот ќе го пополни Американецот Кеандре Кук (25 год, 196 см), кој потпиша договор со нашиот тим до крајот на сезоната. Станува збор за бек-шутер, чие најсилно оружје се ударите за три поени, а кој доаѓа од францускиот прволигаш АДА Блус.

Кук како член во ЛНБ-лигата одигра 15 средби со просек од девет поени, 40-отстотна прецизна за тројка и 3,1 скока. Претходно, во НЦАА-лигата, Кук во последната сезона за Мисури стејт универзитетот просечно реализирал по 14,9 поени и 4,6 скокови.

Тој денеска треба да пристигне во Скопје, а дебито во сино-белиот дрес се очекува за следниот понеделник на гости кај Партизан во Белград.

ПретходноЃоковиќ слета во градот каде минатата година беше протеран!
СледноПо ден одмор: Ракометарите во „погон“, последни подготовки за мисијата Полска!