„Мурињо ме повика да му бидам помошник во репрезентацијата“

1729

Се повеќе луѓе пишуваат за тоа дека Жозе Мурињо наскоро ќе го има првото селекторско искуство. Тој се поврзува со клупата на репрезентацијата на Бразил и Португалија, но тој и понатаму е само тренер на Рома.

По по раната елиминација на Мундијалот во Катар, Тите поднесе оставка само два по последниот меч, оттогаш во јавноста се споменувааа многу имиња, меѓу нив е Мурињо.

Неофицијално, Рома нема да прифати никаква понуда, додека Португалецот има договор до 2024 година. Но, дека сепак постојат шанси Мурињо да застане на чело на Бразил потврди Карлос Алберто, освојувачот на ЛШ со Порто во 2004.

„Ќе кажам директно. Мурињо најверојатно ќе биде новиот селектор на Бразил. Ова е веста која официјално ја соопштувам. Ме замоли да му бидам асистент“, рече Алберто.

Претставниците на бразилската федерација секако ќе му ја претстават својата понуда на Жозе. Имаат прилично добри финансии и платата не би требало да биде проблем.

Сепак, Специјалниот заработи доволно низ големата кариера што парите не му играат важна улога во моментов, но ќе треба да видиме што ќе одлучи.

Да потсетиме дека Жозе Мурињо на големата сцена пристигна како тренер на Порто, кого го предводеше до титулата европски првак во 2004 година. Потоа работеше во Челзи, Интер, Реал Мадрид и раководеше со Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

ПретходноГризман објасни зошто ја обоил косата во розова боја!
СледноПовеќе од 666 милиони денари исплати ВИДЕОЛОТАРИЈА кај играчите за ЏЕКПОТ ДОБИВКИ во 2022!